Карлос Морага, 45-годишен Шпанец од Сарагоса, е првиот странец што ја прими руската вакцина против Ковид-19.

Морага, кој десет години живее и работи во Москва, минатата недела бил еден од неколкуте илјади доброволци кои ја примија вакцината.

Тоа беше нешто што ми беше сосем јасно, и тоа многу пред да ја добијам можноста да го сторам тоа. Сакам да му се вратам на нормалниот живот, така што за мене ова беше најбрзиот пат, морав да ја искористам можноста. Знаејќи ги можните ризици и можните ползи од примената на вакцината, не разбирам зошто некој не би учествувал во вакцинирањето. Не можам да го сфатам тоа – вели Карлос за „РТ“, каде што работи.

Карлос сега е под секојдневен надзор, а како што вели, од неделата немал никакви симптоми.

За да може да учествува во тестирањето, лекарите морале да исклучат постоење на силни алергии и хронични болести, како и да проверат да не го има веќе преболено корона вирусот.

Процедурата трае вкупно 180 дена, а првите денови се препорачува воздржување од интензивна физичка активност. Карлос можеби добил и плацебо.

Руската вакцина се наоѓа во третата фаза на испитувањата. Засега се вакцинирани 4.000 доброволци. Ако развијат антитела, волонтерите ја добиваат втората доза вакцина во рок од три недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.