Шпанците со забави по улиците, како да е Нова година, го прославија укинувањето на вонредната состојба. Вонредната состојба во Шпанија беше на сила шест месеци, а предвидуваше и ограничување во движењето односно полициски час. По завршувањето во саботата после полноќ, граѓаните во повеќе градови низ земјата излегоа на улиците да прослават.

Во Мадрид дури и полицијата интервенираше, бидејќи на плоштадот Пуерта дел сол, имаше големи групи на млади и тинејџери кои се забавуваат. Прослави се одржаа и на плажите во Барселона.

Од денеска повторно се отворени и рестораните кои ќе работат до 23 часот, но со ограничување на бројот на гости до 30 отсто од целиот капацитет и со најмногу четири лица на една маса.

Со укинувањето на вонредната состојба, се укинуваат и забраните за патување по регионите во Шпанија, а се ублажуваат и други мерки кои се однесуваат на групирање. Само во четири од 19 региони, сè уште на сила има полициски час.

Бројот на новозаразени во Шпанија во последните 14 дена драстично се намали.

Во моментов во Шпанија има над 240 илјади активни случаи, а од почетокот на епидемијата заразени се над 3,5 милиони лица од кои над 78 илјади починаа, а нас 3,2 милиони се оздравени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.