Германија се одлучи за подолга постапка за одобрување на вакцината против Ковид-19 отколку онаа во Велика Британија, која итно ги одобри вакцините Фајзер и Бионтек, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.

Постојат земји-членки, вклучително и Германија, кои можат да издадат одобрување по итна постапка, доколку такво нешто сакаат. Но, ние сме против тоа и решивме за заеднички европски пристап за да одиме заедно напред – рече Шпан на прес-конференција, одговарајќи на прашањето за британската процедура за вакцината Фајзер.

Шпан рече дека е важно тоа да се направи за да се зголеми довербата во вакцината.

Велика Британија денеска стана првата земја во светот што одобри употреба на вакцина против коронавирус, развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“ и објави дека може да се користи веќе од следната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.