Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека „би можело да има смисол“ продолжувањето на векот на траењето на трите преостанати нуклеарни реактори во земјата и по крајот на тековната година.

Опозициските лидери и Слободните демократи како најмала партија во коалициската влада на Шолц, се повеќе заговараат преиспитување на одлуката во декември оваа година да се исклучат последните нуклеарни реактори во Германија, бидејќи се повеќе расте загриженоста од енергетска криза како последица на намалувањето на испораките гас од Русија.

Идејата за продолжување на работењето на нуклеарните централи е незгодна за социјалдемократите на Шолц, а особено за еколошките Зелени како трета партија во неговата влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.