Германскиот министер за финансии Олаф Шолц, кој се залага за останувањето на социјалдемократите во вледеачката коалиција со конзервативците на Ангела Меркел, заедно со поранешната покраинска пратеничка Клара Гејвиц, победија во првиот круг од гласањето за лидер на Социјадемократската партија на Германија.

Гејвиц и Шолц, кој е и вицеканцелар на Германија, заедно добија 22,7 отсто од гласовите во натпреварот во кој учествуваа шест двојки. Меѓутоа, бидејќи не освоија 50 отсто од гласовите, во ноември треба да се оддржи втор круг гласање, во која противници ќе им бидат пратеничката Саскиа Ескен и поранешниот министер за финансии на сојузната држава Северна Рајна Вестфалија, Норберт Валтер-Борјанс.

Ескен и Валтер-Борјанс се скептични за прашањето на иднината на владеачката коалиција, а во првиот круг од изборот освоија 21 отсто од гласовите.

Сите други двојки се елеминирани од партискиот натпревар, пренесе Дојче Веле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.