Потпретседателот на германскиот Бундестаг, Томас Оперман ненадејно почина, откако му се слоши синоќа за време на снимање за телевизијата ЗДФ.

На 66-годишниот политичар од редовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) му се слоши и изгуби свест за време на снимањето за ЗДФ и итно беше пренесен во болница.

Оперман на крајот на август објави дека нема да учествува на претстојните парламентарни избори.

По три децении како пратеник во покраинското собрание на Долна Саксонија и во Бундестагот, сега е најдобро време да се занимавам со нешто друго и да се свртам кон нови проекти, изјави политичарот во таа прилика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.