Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги демантираше украинските тврдења дека шест руски хиперсонични ракети Кинжал биле соборени за време на ноќните напади врз цели во близина на главниот град Киев.

Шојгу тврди дека Украина претерува кога зборува за ефикасноста на нејзината противвоздушна одбрана.

Веќе кажав и повеќе нема да го повторам. Ние дури и не лансиравме толку ракети Кинжал колку што Украинците наводно собориле. Згора на тоа, бројот на тие „украински пресретнувања“ е три пати поголем од она што ние всушност го лансираме.

Министерот исто така рече дека Украина „секогаш“ погрешно ја идентификува муницијата што ја користи Русија во нејзините медиумски изјави.

Украина повторно беше под ракетен оган и напади со беспилотни летала во текот на ноќта, при што главниот град Киев повторно беше еден од центрите на активност.

Москва и Киев, пак, објавуваат драстично различни податоци за тоа што се случувало во текот на ноќта, пишува РТ.

Додека Киев од една страна наведува дека благодарение на системот Патриот биле соборени шест хиперсонични ракети над главниот град на Украина, Москва наведува дека Кинжал успешно го погодил Патриотот.

Дел од западните медиуми објавија и дека е оштетен системот Патриот, а САД го проценуваат степенот на штетата, јавува Си-Ен-Ен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.