Ширум САД досега се дистрибуирани 237,7 милиони дози од вакцините против Ковид-19, а од нив веќе се аплицирани повеќе од 187 милиони дози.

Според Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), 119,2 милиони лица во САД примиле барем една доза од вакцината, додека 72,6 милиони се целосно ревакцинирани.

Вакцинацијата во САД се спроведува со вакцините „Модерна“ и „Фајзер“, што се даваат во две дози, како и „Џонсон & Џонсон“ што се прима во една доза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.