Во рускиот регион Хабаровск се урна авион „Антонов-26“ со шест патници во него. Транспортниот авион припаѓал на компанија што врши технички прегледи на руските аеродроми.

Руското министерство за вонредни ситуации соопшти дека групи задолжени за потрага и спасување се упатиле кон местото каде што авионот исчезнал од радарот.

Според министерството, авионот извршувал технички лет, а поради лошите временски услови, потрагата по овој авион е отежната.

Претходно, руските власти потврдија дека транспортниот авион „Ан- 26“ исчезнал од радарот во Хабаровската област, на крајниот исток на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.