Шест лица загинаа, а 34 се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи во југоисточна Полска, кога украински автобус слета во канал, соопштија спасувачите од полската државна противпожарна бригада.

Автобусот со украински регистарски таблички, со 57 патници и двајца возачи, околу полноќ, удрил во банкината на патот во близина на градот Пржемил, во југоисточна Полска, паднал во канал и се превртел.

Пет лица загинале на лице место, а шестото починало во текот на ноќта во болницата во Пржемил.

-Вкупно 34 лица се наоѓаат во болница, додека 18 на кои не им требаше болничко сместување се евакуирани во блиското училиште. Истрагата е завршена, но истрагата за причината на несреќата ќе потрае уште неколку часа, изјавија од локалната противпожарна единица за полското радио.

Според првичните информации, автобусот превезувал патници од Познањ, град на западот од Полска, за Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.