Во Франција денеска ќе се одржи шести по ред протест на „жолтите елеци“, поради што палатата Версај ќе биде затворена за посетители.

Версај ќе биде затворен од безбедносни причини.

Како што пренесуваат медиумите, властите се надеваат дека протестот ќе биде со послаб интензитет.

Низ цела Франција, а особено во престолнината Париз, веќе со недели се одржуваат насилни протести.

Минатата недела бројот на демонстранти изнесуваше околу 66.000, по што претседателот на Франција, Емануел Макрон направи отстапки, вклучувајќи и укинување на таксите за гориво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.