Шест турски беспилотни летала се уништени од страна на сириските воздушни одбранбени системи, соопшти извор во сириското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

„На 1 март 2020 година, сириските воздушни одбранбени системи уништија шест беспилотни летала на турските вооружени сили над зоната на деескалација во Идлиб“, изјавил изворот, цитиран од ТАСС. Дроновите, според истиот извор, ги гаѓале позициите на сириските владини сили.

Претходно денеска, турските борбени авиони Ф-16 соборија два авиони на сириските воздушни сили над зоната на деескалација на Идлиб. Пилотите се безбедни. Воздушниот простор над областа за деескалација на Идлиб од денеска е затворен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.