Полицијата вчеравечер прекинала божикната забава на една компанија во Шарбрукен, Германија поради непочитување на мерките за ковид-19. Пријавата дошла од страна на двајца вработени, а по пристигнувањето на местото на настанот полицијата затекнала, благо речено – хаос.

Според „РТЛ“, алкохолни пијалоци биле пронајдени во просториите на компанијата, а биле поставени и маси. Се верува дека повеќе луѓе се забавувале таму, а кога упаднала полицијата, многумина се обиделе да се сокријат, зошто забавите во моментот се забранети.

Двајца вработени биле извлечени од собата каде чистачката ја чува својата опрема, а газдата бил пронајден скриен под маса.

Полицијата пронашла осум лица во просториите, а никој од нив не покажал разбирање кога им било кажано дека со собирот ги крши строгите мерки што беа воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.