Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба и порача на Русија дека самата ќе одлучува за свпјата безбедност и за можноста да стане дел од НАТО.

Ваквата реакција на Кулеба доаѓа како одговор на пораката од Кремљ дека проширувањето на НАТО кон Украина ќе претставува преминување на руската црвената линија за Русија. Кулеба додаде дека Москва може да поставува црвени линии само на руската страна на границата, а не на украинската.

Кулеба реагираше откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, предупреди дека ставот на Владимир Путин е дека воведувањето воена инфраструктура во Украина за Москва ќе значи преминување на црвената линија.

Црвените линии на Путин се ограничени со границите на Русија. На нашата страна од границата, сами можеме да процениме што да правиме во интерес на украинскиот народ, државната и европската безбедност – порача Кулеба на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.