Рускиот опозициски политичар и остар критичар на претседателот Владимир Путин немаше отров во телото кога заминуваше од Русија за Германија, откако падна во кома, изјави во вторникот шефот на московската служба за надворешни разузнавачи, Сергеј Наришкин.

Дополнително, Наришкин тврди дека Русија се откажала од сите агенти за хемиско војување во согласност со меѓународните регулативи договорени во рамките на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ). Шефот на разузнавачите продолжи да негира дека Русија има какви било тајни залихи на нервниот агенс Новичок.

Претходно Г7 го осуди „потврденото труење“ на Навални, бидејќи трите лаборатории во Германија соопштија дека опозицискиот политичар е затруен со Новичок, нервен агенс, кој исто така се користел во труењето на Селгеј и Јулија Скрипал во Солсбери во 2018 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.