Американската агенција ЦИА наводно сменила шеф на одделот во Виена, бидејќи не реагирал соодветно на почетокот на појавата на мистериозниот Хавански кај голем број вработени во одделот.

Десетици членови на американскиот персонал во австрискиот главен град и нивните деца пријавиле симптоми на синдромот.

Синдромот го има ова име откако симптомите првпат се појавија во Амбасадата на САД во Хавана, Куба во 2016 година.

Луѓето кои страдаат од овој синдром имаат зуење во ушите и притисок во главата.

Меѓу другите симптоми, се и чувство на гадење, вртоглавица и замор.

Меѓу вработените на ЦИА во Виена се забележани повеќе случаи на синдромот во однос на кој било град во светот, освен во Хавана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.