Шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Марк Медоус, е позитивен на новиот коронавирус, јави Си-Ен-Ен.

Информацијата доаѓа еден месец откако претседателот Трамп беше примен во болница со Ковид-19. Закрепна за неколку дена благодарение на иновативна терапија.

Во САД повеќе од 236.000 луѓе починаа од коронавирусот од почетокот на пандемијата, а околу 9,7 милиони Американци се заразени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.