Ронен Бар, шефот на израелската безбедносна служба Шин Бет, ќе поднесе оставка на крајот на војната во Газа поради пропусти во разузнавањето пред смртоносните напади на Хамас во јужен Израел на 7 октомври.

Директно разговарав со него за тоа што се очекува и не се сомневам дека тој ќе биде еден од првите кои ќе ги „предадат клучевите. Неговата намера е да ја напушти позицијата“, изјави неговиот претходник на позицијата, Јаков Пери.

Бар презеде лична одговорност на 15 октомври, наведувајќи дека немало претходни разузнавачки предупредувања за напади во пограничните населби на југот на Израел.

И покрај серијата акции што ги презедовме пред 7 октомври, не бевме во состојба доволно да предупредиме за да спречиме такви напади“, напиша Бар во тогашната порака до членовите на службата.

Тој додаде дека неговата одговорност како шеф на Шин Бет е голема и најави дека ќе дојде време за истрага кога ќе завршат борбите.

Во меѓувреме, одговорност презедоа и други израелски функционери, а локалните медиуми на почетокот на војната коментираа дека премиерот Бенјамин Нетанјаху знае дека и неговата одговорност е голема, а ги обвинува сите други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.