Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдулахиан, најави дека Иран многу брзо ќе се врати на преговарачка маса за обнова на почитувањето на нуклеарниот договор од 2015 година.

Во моментов ги разгледуваме досиејата во Виена и многу скоро повторно ќе почнат преговорите на Иран со земјите од форматот „четири плус еден“ – истакна шефот на иранската дипломатија, без да прецизира конкретен датум.

Претходно оваа недела, ирански извори најавија дека преговорите ќе продолжат во рок од еден месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.