Кина денеска го става Шангај во карантин, еден од најголемите градови во земјата со околу 26 милиони жители, како дел од стратегијата за борба против Ковид-19.

Финансиската област Пудонг во Шангај и блиските населби ќе бидат затворени од денеска до петок, бидејќи започнуваат масовни тестирања низ градот, соопшти локалната власт.

Друг дел од градот западно од реката Хуангпу ќе биде затворен од петок.

Жителите ќе мора да останат во своите домови за време на затворањето, а испораките на храна и други намирници ќе бидат оставени на одредени места за да се осигура дека нема контакт меѓу луѓето.

Сите фирми кои не се сметаат за неопходни ќе бидат затворени, а јавниот превоз ќе биде суспендиран.

Кина објави повеќе од 56.000 случаи на заразени со Ковид-19 овој месец, која брзо се шири на истокот на земјата. Сепак, во Шангај има малку заразени, само 47 случаи во саботата.

Сепак, Кина ја продолжи својата стратегија за затворање и масовно тестирање за да го минимизира бројот на заразени по највисокиот скок на нови инфекции во земјата од почетокот на епидемијата на коронавирус.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.