Џејкоб Ченсли од Аризона, кој учествуваше на демонстрациите одржани на 6 јануари во Вашингтон, истакна дека Доналд Трамп го „предал“ затоа што не го помилувал. Ченсли и уште најмалку четири лица кои се соочуваат со федерални обвиненија за учество во немирите, сугерираат дека добиле наредби од Трамп.

Шаманот на „QAnon“, како што тој самиот се нарекува, стана познат по необичната облека за време и по демонстрациите на приврзаниците на Трамп во Вашингтон. Сега е подготвен да сведочи против поранешниот претседател на судењето за отповикување следниот месе.ц

Неговиот адвокат Алберт Ваткинс, обидувајќи се да го оправда, рече дека тој бил „многу опседнат со Трамп“.

„Се чувствуваше како претседателот да го изневерил“, рече Воткинс.

Американските медиуми, повикувајќи се на судски документи, пишуваат дека Чансли им рекол на истражителите дека тој дошол во Капитол „на барање на претседателот сите патриоти да дојдат во Д.Ц. на 6 јануари“.

Ченсли, која редовно доаѓал на митинзите на Трамп, е обвинет за граѓанско нарушување, попречување на службената постапка, несоодветно однесување во зградата на Капитол и др.

Ченсли беше меѓу толпата приврзаници на претседателот Доналд Трамп кои упаднаа во зградата на Капитол на 6 јануари, додека членовите на Претставничкиот дом на САД се собраа да ја потврдат победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Во нападот загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец од Капитол.

Тој сам му се предаде на ФБИ и беше обвинет за насилно влегување во зградата и дивјачко однесување на територијата на Капитол. Тој стана препознатлива фигура во немирите откако беше фотографиран без кошула, покриен со тетоважи, носеше рогови и со лице во боите на американското знаме.

Неговата мајка им се пожалила на новинарите дека нејзиниот син не јадел од моментот кога бил приведен бидејќи таму не му била дадена органска храна.

Таа посочила дека „нејзиниот син му се влошува состојбата доколку не јаде органска храна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.