Севернокорејците се загрижени и тажни зашто лидерот Ким Џон Ун ослабел, јавуваат државните медиуми.

Западните медиуми пишуваат дека ретките коментари за изгледот на претседателот на државата се појавиле откако на почетокот на јуни аналитичарите забележале дека тој значително изгубил од тежината.

Во извештајот на државната телевизија не се наведува од кои причини Ким загубил на тежина.

Со оглед на тоа дека во Северна Кореја не е познато кој би можел да го наследи Ким Јонг Ун на чело на државата, странските разузнавачки агенции и експерти од меѓународната политика внимателно ја следат здравствената состојба на севернокорејскиот лидер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.