Северна Кореја во вторникот потврди дека „целосно ја уништи“ канцеларијата за меѓукорејски врски во пограничниот град Каесонг, по првичните извештаи за експлозија во областа.

Релевантното тело на КПРК ја примени мерката за целосно уништување на заедничката канцеларија за врски Север-Југ во индустриската зона Каесонг, поради прекинување на сите врски за комуникација меѓу северот и југот, соопшти Севернокорејската централна.

Канцеларијата за врски е празна од јануари поради ограничувањата за Ковид-19.

Тензиите меѓу Северна и Јужна Кореја ескалираат со недели, поттикнати од дезертерските групи на југ, кои испраќаат пропаганда на северот, вели БиБиСи.

Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо-џонг, изминатиот викенд се закани дека во „трагичен стил“ ќе ја сруши канцеларијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.