Севернокорејската војска истрелала повеќе од 130 артилериски проектили во поморската тампон зона на источниот и западниот брег на земјата, објави во понеделникот јужнокорејската новинска агенција Yonhap, повикувајќи се на Комитетот на началниците на штабовите во Сеул.

Според агенцијата, арилерискиот оган бил отворен во 14,59 часот по локално време, или 6,59 часот по македонско врме од провинцијата Гангвон кон Јапонското Моред и од провинцијата Хванхае Намдо во правец на Жолтото Море, и веријатно биле истрелани повеќе од 130 проектили од повеќецевни артилериски системи. Сеул овие активности ги оцени како прекршување на меѓукорејскиот договор од 19-ти септември 2018 година. Се додава дека гранатите паднале северно од северната гранична линија која Јужна Кореја ја смета за дефакто поморска граница.

Јужнокорејската војска неколкупати поради истрелувањето на проектилите испратила предупредување до севернокорејската војска, се додава во соопштението на Министерството за одбрана во Сеул во кое се повикува Пјонгјанг да „престане со таквите акции кои го прекршуваат договорот“.

Северна Кореја не извести веднаш за артилерискиот оган, но изведува во понеделникот повеќе воени активности, вклучителни истрелување проектили и вежби на борбените авиони и артилериските единици, за коишто како што велат од Пјонгјанг, се одговор на американско-јужнокорејските воени маневри на југот од полуостровот.

Јужна Кореја и САД во понеделникот изведуваат заедничка вежба на гаѓање од копно во близина на границата во округот Чеорвон, во централниот дел на Корејскиот полуостров. Вежбата ќе продолжи и во вторник, поради што може да се очекуваат нови севернокорејски реакции. Пјонгјанг редовно ги оценува таквите вежби на југот како подготовка за инвазија против Северна Кореја и редовно демонстрира воена моќ. Оваа година, пак, Вашингтон и Сеул ги засилија и бројно и според интензитетот и масивноста заедничките воени вежби, за кои тврдат дека се неопходни за одвраќање на нукленото вооружување на Северна Кореја.

Сеопфатниот воен договор (CMA) од 2018 година е најважниот договор склучен по повеќемесечните состаноци на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун и тогашниот јужнокорејски претседател Мун Џае-ин. Меѓутоа, имајќи предвид дека тие преговори одамна се во застој, како и неодамнешните демонстрации на сила по должината на утврдената граница меѓу двете Кореи, доведена е во прашање иднината на овие мерки.

Јужна Кореја ја обвинува Северна дека во низа го прекршува договорот со артилериски вежби оваа година, вклучително и кога еден ден кон средината на октомври во морето биле истрелани повеќе од 500 проектили. Годинава, исто така, Северна Кореја продолжи и со тестирањето на своите интерконтинентални балистички проектили со долг дострел (ICBM) кои можат да понесат нуклеарна боева глава и да погодат која и да е точка на територијата на САД, првпат од 2017 година, а Сеул и Вашингтон велат дека Пјонгјанг извршил и подготовки за продолжување на нуклеарните тестирања.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.