Ким Јо Јонг, помладата сестра на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, е назначена за член на Комисијата за државни работи, водечкото политичко тело во Северна Кореја, објавија тамошните државни медиуми.

Ким Јо Јонг веќе е една од најважните политички фигури во земјата и главен советник на нејзиниот брат, но функцијата во Комисијата на чело со Ким Јонг Ун е највисоката позиција на која е назначена.

Се верува дека таа е најдоверливата личност на Ким Јонг Ун и неговата десна рака, а јужнокорејските разузнавачки служби ја сметаат за втора во синџирот на команди, иако нејзиниот официјален статус до сега не беше дефиниран, пренесува Си -Ен -Ен.

Заедно со неа, беа унапредени уште седум службеници во рамките на реконструкцијата на Комисијата за државни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.