Ким Јо-Џонг, сестрата на лидерот на Cеверна Кореја, Ким Џонг-ун, отфрла секаква можност за продолжување на дипломатските преговори со САД, додавајќи дека тоа ќе доведе до „уште поголемо разочарување“.

Ким Јо-Џонг ја испрати ваквата порака откако американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, ја опиша како „интересни сигнали“ неодамнешната изјава на севернокорејскиот лидер дека неговата земја е подготвена и за дијалог и за конфронтација.

Се чини дека САД ја толкуваат оваа состојба како утеха за себе. Очекувањето кое САД избраа да го прифатат е погрешен пат и тоа ќе доведе до уште поголемо разочарување – нагласи Ким Јо-Џонг.

Ким Џонг-ун неодамна изјави дека судбината на дипломатијата и односите со САД зависат од тоа дали Вашингтон ќе се откаже од, како што вели, непријателската политика кон неговата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.