Името на сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун не се наоѓа на новата листа на членови на Политбирото на владејачката Работничка партија, објавија денеска државните медиуми, со што се отвора прашањето за нејзиниот актуелен статус по повеќегодишното силно политичко влијание.

На вчерашните избори за членови на Централниот комитет, на кои се утврдени петгодишните дипломатски, воени и економски цели на Северна Кореја, Ким Јо Џонг се појавува како членка на Централниот комитет, но не и како член на Политбирото, се наведува во извештајот на државната агенција на Северна Кореја.

Сестрата на севернокорејскиот лидер во 2017 година стана втора жена која била член на Политбирото, по нејзината тетка Ким Кјонг Хуи, а до скоро беше и втор човек во командниот синџир, веднаш зад својот брат.

Многу е рано да се носат заклучоци за нејзиниот статус, имајќи предвид дека Ким Јо Џонг и понатаму е член на Централниот комитет. Постои можност таа да преземала други важни државни функции, изјави Лим Еул-џул, професор по севернокорејски студии на Универзитетот во Сеул.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.