Претседателот на Франција, Емануел Макрон, предупреди дека „сертификатите за вакцинација“ што би можеле да бидат подготвени до летово и повторното отворање на одредени туристички места, не треба да бидат „услов за пристап до одредени места“.

Сертификатите за вакцинација не треба да бидат никаков услов за патување затоа што мислам на нашите млади луѓе кои сè уште нема да бидат вакцинирани – изјави Макрон.

Европските лидери разговараа за воведување на сертификат за вакцина што „ќе го реорганизира движењето меѓу државите да биде пофлуидно“ кога ќе се отстранат ограничувањата на границите.

Ние мора да спречиме секоја земја да развива свој систем и за тоа да работиме кон заедничка медицинска сертификација – посочи францускиот претседател.

Земјите членки на ЕУ ја повикаа Европската комисија да дефинира заеднички стандарди за заемно признавање на сертификатите за вакцини. Но, во оваа фаза нема заеднички став за правата што тие можат да ги отворат. Грција, загрижена да ја спаси својата туристичка индустрија, во јануари достави предлог до Комисијата за воспоставување европски „сертификат за вакцинација“ до летните одмори.

Франција досега не сакаше, сметајќи дека е премногу рано за такво нешто кога само мал дел од луѓето имаат пристап до вакцината.

Ако работите тргнат на подобро, никој од нас нема да прифати дека за да привлечеме, на пример, туристи, постои земја што е помала од другата и која ризикува со доведување луѓе од крајот на светот за да ги наполнат своите хотели – предупреди Емануел Макрон.

Во однос на вакцината на „АстраЗенека“ Макрон истакна дека ако тоа е вакцината што ми се нуди, секако дека ќе ја земе.

Исто така, ќе ги почитувам директивите што ќе ми бидат дадени, ќе бидам вакциниран кога ќе дојде време за мојата возрасна група и како што ќе бара протоколот ако сè уште имам антитела. Сите вакцини што денес се нудат на нашата популација се вакцини кои се одобрени од Европската агенција за лекови и кои се повторно одобрени од Високиот здравствен орган. Ние, Европејците, имаме најстроги здравствени регулативи во светот. Обезбедена е безбедност. Со оглед на најновите научни публикации, ефективноста е докажана. Оваа вакцина е безбедна и нејзината ефикасност е транспарентно прикажана – изјави францускиот престедател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.