Околу осум часот утринава по локално време, во морскиот дел во близина на грчкиот остров Лезбос е регистриран земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтерова скала, а една минута подоцна уште еден од 4,8 степени.

Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, во периодот од час и половина што следувал, во морскиот дел на 46 километри југозападно од Лезбос биле регистрирани шест земјотреси меѓу 2,9 и 4,9 степени.

Засега, нема информации за повредени или причинета материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.