Повеќе од 150 земјотреси се регистрирани долж границата меѓу Калифорнија и Мексико, а најсилниот од нив бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Американскиот сеизмолошки институт соопшти дека земјотресите биле со епицентар во рурална област во близина на езерото Салтон, во јужна Калифорнија.

Регистрирани се 152 земјотреси од сите размери – соопшти сеизмологот Пол Карузо, кој додаде дека областа не е густо населена.

Засега нема податоци за евентуални жртви или материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.