Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на заедничката прес-конференција со неговата шведска колешка, Ан Линд, изјави дека официјална Москва има причина да верува дека инцидентот со рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални бил лажен.

Што се однесува до случајот Навални, не ни се дадени никакви информации што ги докажуваат обвинувањата против руските власти – изјави Лавров.

Тој оцени дека ако обвините некого, тогаш треба да ја докажете неговата вина.

Денеска уште еднаш ја потсетив шведската страна дека, бидејќи шведската воена лабораторија изврши анализа и заклучоците на германските експерти беа јавно потврдени, очекуваме од нашите шведски колеги да покажат транспарентност и искреност во овој случај – изјави рускиот министер за надворешни работи.

На Навални му се слоши за време на авионски лет на 20 август, а два дена подоцна беше префрлен во болница во Берлин. Лаборатории во Германија, Франција и во Шведска, како и тестирањата кои ги спроведе Организацијата за забрана на хемиско оружје, утврдиле дека Навални бил изложен на отровот „новичок“, развиен во некогашниот Советски Сојуз.

Руските власти во неколку наврати негираа каква била вмешаност во труењето на Навални.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.