Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за прв пат по 20 дена отсуство се појави во јавноста. По неколкунеделните шпекулации за неговото здравје, се појавија снимки кои ги негираат тврдењата дека тој е во лоша состојба, па дури и дека починал.

На новите снимки се гледа како лидерот на земјата разговара со различни службеници, пуши цигари и се смее. Дури не користеше ни бастун како поддршка при одењето, што на пример, беше случај во 2014 година кога се појави во јавноста по наводна операција на глуждот.

Сепак, наскоро медиумите на снимката забележаа еден интересен детал – точка на неговата рака која можеби укажува дека лидерот на Северна Кореја неодамна бил подложен на некоја медицинска процедура.

Според државната агенција КЦНА, Ким Џонг-ун присуствувал на церемонија за отворање на фабрика за вештачки ѓубрива, каде ја пресекол свечената лента.

Севернокорејскиот лидер, до вчера, во јавноста последен пат веше биден на 11 април, кога претседаваше на конгресот на социјалистичката партија. Во меѓувреме, се шпекулираше дека тој имал операција на срце и бил во кома, а подоцна и дека се заразил со коронавирус.

Сепак државните медиуми објавија снимки на кои се гледа лидерот на Северна Кореја како се вози во електрично голф возило за време на посетата на фабриката и весело разговора со службените лица. Но, наскоро се појавија шпекулации околу мистериозната трага на неговата рака, објави „НК Њуз“.

Со оглед на тоа што информациите кои доаѓаат од Северна Кореја се многу често се контролирани и ограничени, државните власти досега не доставиле никакви податоци или коментари за трагата на раката на Ким Џонг-ун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.