Италијанската полиција соопшти дека уапсила две српски државјанки под сомнение дека со двајца соучесници краделе скапоцености од вили во Рим.

Според италијанските медиуми, полициската акција „Отворени врати“, во која се уапсени осомничените, почнала во јули минатата година. Претходно, римската полиција забележала дека расте бројот бројот на кражбите во историскиот центар на Рим, пренесува српска Политика.

„Од видеоснимките од надзорните камери се покажа дека разбојници се претежно две жени, кои упаѓаат во куќите и изнесуваат скапоцености, а логистика им семажи, исто така српски државјани. Тие главно само ги наведуваат, но кога е потребно, им прискокнуваат на жените на помош. Собраните информации покажуваат дека жените и нивните помагатели биле во роднинска врска, наведуваат италијанските медиуми.

Освен за грабежите, четворица Срби се товарат и за злосторничко здружување.

Според италијанските медиуми, членовите на оваа криминална група имале јасно поделени улоги, а фактот дека грабежите биле „семеен бизнис“ предизвикал посебно внимание кај локалните истражни тела. Упадите во становите биле детално испланирани, а осомничените подолго време ги анализирале навиките на нивните сопственици. Осомничените српски граѓани барале безбедни патишта без видеонадзор за да стигнат до становите што ги ограбувале.

Жените биле помлади, претежно убаво облечени и не привлекувале сомнеж.

„Кршеле врати, провалувале во куќи и краделе секаков вид накит, скапоцености, но и дизајнерски чанти. Вредноста на украдениот накит и часовници се проценува на 25.000 евра“, наведуваат италијанските медиуми и додаваат дека кај осомничените жени биле пронајдени алатките со кои провалувале, пишува Политика.

Локалните медиуми наведуваат и дека уапсените мажи „своите“ сопруги по кражбите ги носеле дома со автомобил.

Осомничените ги користеле куќите во кои живееле во италијанската престолнина како магацини, во кои чувале украдени предмети, кои потоа ги препродавале. Плен им биле и сефови, а кога ќе наиделе на некои што не може да се обијат, ги викале мажите од групата да им помогнат, пишуваат медиумите.

Украдената стока, најчесто часовници и накит, се продавала преку човек што е македонски државјанин, а кој бил дел од групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.