Министерот за здравство на Британија, Мет Хенкок е снимен како ја бакнува својата колешка Џина Коладанџело и е на удар на критики поради љубовната афера, но и за кршење на мерките воведени за спречување на пандемијата.

„Сан“ објави видео во кое, според таблоидот, Хенкок и Џина биле фатени како се бакнуваат во неговата канцеларија. Снимката е наводно направена минатиот месец.

Прифаќам дека ги прекршив упатствата за социјална дистанца во овие околности. Разочарав многумина и многу ми е жал – рече британскиот министер за здравство, цитиран од Sky News.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.