Велика Британија стана уште една држава што го укина данокот за женски хигиенски производи.

Риши Сунак од Министерството за финансии вети дека ќе го укине непопуларниот данок на тампони и хигиенски влошки кога буџетот беше одобрен во март, но одлуката стапи на сила дури денеска, откако Велика Британија конечно ја напушти ЕУ.

Хигиенските производи за жени се неопходни и не треба да се одданочуваат – изјави Сунак.

Тој додаде дека бесплатната дистрибуција на овие производи почнала во училиштата, колеџите и болниците, а тој потег има за цел да ги направи подостапни за сите жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.