Министерството за здравство на Филипините соопшти дека се потврдени 2.965 нови случаи на корона вирус, а починале уште 34 лица.

На Филипините се регистрирани вкупно 197.164 заразени, а една петина од случаите се пријавени во изминатите 10 дена.

Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 3.038.

Филипините имаат најголем број на заразени со коронавирусот од сите земји во Југоисточна Азија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.