Во некои делови на Лондон, едно од 20 лица е заразено со коронавирусот, изјави денеска регионалниот директор на Јавно здравје, Кевин Фентон.

– Во текот на изминатата недела, бројот на луѓе во болниците во Лондон е зголемен за 27 проценти, а во интензивна нега за 47 проценти, изјави професорот Фентон

Како што пренесува Би-Би-Си, тој вели дека ова е голем предизвик за пандемијата и побара од населението „навистина да ги намали интеракциите, да остане дома и да го намали бројот на инфекциие“.

– Не само што сериозно го оптоварувате здравствениот систем, туку спречувате и други пациенти, на кои можеби им треба итно или важно лекување во тоа време, да пристапат до тие услуги, рече Фентон.

Тој нагласи дека има „работи што можеме подобро да ги направиме“ за да го намалиме бројот на инфекции, вклучително и поголемо придржување кон мерките за носење маски и физичко растојание при користење јавен превоз и купување основни производи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.