Тусрксиот сеизмолог Хамдула Ливачоглу, го снимил звукот на земјотресот што ги погоди Турција и Сирија.

Човечкото уво не може да чуе фреквенции помали од 20 херци. Фреквенциите на земјотресните сигнали се исто така типично помали од 20 херци. За да се претвори земјотресот во звук, брзините на појасот на сигналот за земјотрес што го снимаат сеизмометрите се зголемуваат во зависност од периодот и сеизмограмот се компресира. Така содржината на фреквенцијата е подигната до праговите што може да ги чуе човечкото уво“, објаснува Ливачоглу.

Турскиот геофизички инженер, Овгун Ахмет Ерџан, објави дека јачината на земјотресот бил како 130 атомски бомби.

Земјотресот беше со јачина од 7,7 степени и имаше сила на приближно 130 атомски бомби, траеше 43 секунди“, објави тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.