Американските власти на таканаречената „темна мрежа“ (dark web) наишле на информации за седумгодишниот Савели Роговцев од Русија, кој бил исчезнат околу два месеца. Тие информациите ги пренеле во Интерпол, а Интерпол на руските специјални сили.

Во текот на ноќта, специјалните служби упаднале во скривницата каде што било чувано момчето. На видеото се гледа како специјалците го држат човекот на подот, а потоа влегуваат во другата просторија каде било киднапираното момче.

Момчето било спасено по 52 дена заробеништво. а било киднапирано од 26-годишниот педофил Дмитриј Копилов. Неговата куќа е оддалечена околу 14 километри од куќата на момчето од каде исчезнало на 28-ми септември. Тој бил киднапиран на враќање од училиште во руското село Горки.

Ова е чудо и приказна со среќен крај. На момчето сега му треба психолошка помош. Треба да работиме со детето и му треба семејна љубов, рече Регионалниот детски омбудсман Генадиј Прохоричев, додавајќи дека момчето е на интензивна нега.

Полициските службеници тврдат дека тој го малтретирал момчето, но наводно не го силувал затоа што, како што велат, чекал одредена возраст за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.