Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.
Одделот за туризам на Непал соопшти дека најмалку еден кинески државјанин е повреден во лавината, кој со хеликоптер бил спасен и пренесен во болница.
Лавина се урна на популарната рута на Анапурна, а спасувачите се обидуваат да ги пронајдат исчезнатите, пренесува АП.
Спасувачите стигнале до 30 планинари кои биле заробени откако лавина ја блокирале патеката и тие се сместени на безбедно место. Временските услови се влошуваат, а ниските температури последниве денови го отежнуваат спасувањето.
Исчезнатите планинари се две жени и двајца мажи, за кои се вели дека се наставници кои престојувале во Непал на волонтерска работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.