Седум лица загинаа во надојдена река по поројните дождови во кинескиот град Пенгжу, соопштија денеска локалните власти.

Нивото на водата на реката нагло се зголеми за само 10 до 20 секунди, а водата ги однесе луѓето кои се наоѓаа во близина, објави Кинеското национално радио.

Претходно беше издадено предупредување луѓето да ја напуштат областа по најавените обилни дождови, соопштија градските власти.

Три лица се хоспитализирани и се со полесни повреди.

Пенгжу е туристичко место на околу 70 километри северно од Ченгду, главниот град на провинцијата Сечуан.

Во текот на ноќта силен дожд предизвика поплави и во градот Сининг, во северозападна Кина.

Обилни врнежи се предвидуваат и за денеска и утре, се очекува да наврнат од 10 до 18 сантиметри дожд во провинциите Лиаонинг и Џилин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.