Џозеф Вард Кларк и уште шест американски државјани кои се бореле на страната на украинските сили во источната проруска сепаратистичка област Донбас, загинале во борбите на територијата на комбинатот „Красител“ во градот Рубежное, изјави во неделата Апти Алаудинов, помошник на чеченскиот челник за безбедносните сили.

„Американскиот државјанин, за кој зборуваме е Џозеф Вард (Кларк), неговиот пасош исто така се наоѓа кај нас. Тој, всушност, ни се спротистави во фабриката ‘Красител’, се обиде да даде отпор. Веројатно оваа единица била сметана како свецијални сили. Колку што успеав да разберам, имало седум Американци. Ги лоциравме и сите заминаа на другиот свет, оставајќи зад себе ‘Javelin’ (американски преносни противтенковски ракетен систем), документи и своето вооружување“, изајвил Алаудинов за агенцијата РИА.

Претходно на интернет се појави информација дека во Донбас наводно е „ликвидиран припадник на американските специјални служби“ Кларк, при што беше објавена и фотографија од неговиот пасош. Според поставените информации, Кларк е роден во 1987 година во американската престолнина Вашингтон.

Истовремено американскиот Стејт департмент ги отфрли извештаите за наводно заробување и загинување на американскиот државјанин Кларк во Донбас. Портпаролот на американската дипломатија, Нед Прајс, рече дека Кларк е жив и е безбеден, потврдувајќи дека администрацијата на САД всушност оддржува непосредни контакти со Американците кои се борат како платеници или „доброволци“ во редовите на украинските сили.

Рубежное е дел од агломерацијата Северодонецк-Лисичанск, а пред избувнувањето на борбите таму имало повеќе од 55.000 жители. Од почетокот на руската офанзива на 24-ти февраури се водат битка за преземање на контролата над градот. На крајот од април проруските сили од самопрогласената Луганска Народна Република објавија дека ја преземале контролата над Рубежное кој останал без снабдување со струја, гас и вода, а на населението му е неопходно и редовно снабдување со лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.