Седмо лице почина од коронавирус во Италија. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми.

Претходно беше објавено дека шестата жртва е пациентка во болница во Бреша, каде била пренесена во неделата. Таа имала карцином однесно нејзината клиничка слика веќе била загрозена, пренесе „Индекс.хр“.

Стотина илјади луѓе се под мерки за карантин во северните италијански провинции Ломбардија и Венето, а ограничувањата се воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти италијанската служба за цивилна заштита.

Околу 70.000 луѓе се под заштитни мерки во Ломбардија, а околу 30.000 во Венето.

Според локалните медиуми, во овие реони ечат сирени, маркетите се празни и многу тешко може да се најде леб.

Бројот на лица кај кои е потврдено присуство на коронавирус во Италија се искачи на 224, пренесе „Ла Република“.

Најмногу од заразените се во регионот Ломбардија, каде има 167 случаи на инфекција и четири смртни случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.