Се зголемува бројот на луѓе што им подлегнуваат на повредите здобиени при огромната експлозија во Бејрут.

Како што соошти министерот за здравство на ибан, Хамад Хасан, бројот на загинати во експлозијата на пристаништето во Бејрут се искачил на 154.

Хасан додава дека околу 5.000 луѓе се примени на лекување во болница. Во моментов 120 лица се во критична состојба.

Либанските власти објавија дека експлозијата е предизвикана од пожар во складиште со 2.750 тони амониум нитрат, складирани таму од 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.