Петмина луѓе загинаа во пожарот што избувна во индиската фабрика на Институтот за серуми (СИИ), кој е најголем производител на вакцини во Западна Индија, пренесуваат индиските медиуми.

Компанијата соопшти дека пожарот нема да влијае на производството на вакцини против коронавирусот.

СИИ произведува вакцина направена од Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“ за индискиот пазар и некои други земји, а компанијата исто така се подготвува да направи вакцина развиена од американската компанија „Новавакс“.

Пожарникарите од западно индискиот град Пуне, каде е седиштето на СИИ, претходно изјавија дека на местото на несреќата се испратени пет противпожарни возила.

Причините за несреќата се уште не се познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.