Истражувачка лабораторија на кинескиот технолошки гигант „Хуавеј Технолоџис“ во јужно кинескиот град Донггуан се запали во петокот, а пожарникарите во моментот се на местото на настанот, пренесуваат кинеските државни медиуми повикувајќи се на локалните власти.

Во моментот пожарот е изгаснат и за среќа нема жртви, соопшти државниот радиодифузер ЦЦТВ на својата официјална страна на Веибо, пренесува Ројтерс.

Се уште нема никакво соопштение од компанијата Хуавеј, наведува медиумиот.

Лабораторијата во областа на езерото Сонгшан е изработена од челична конструкција и главниот материјал што гори е памук кој апсорбира звук, се вели во соопштението на одделот за спасување од пожар на градот Донггуан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.