Младата Норвежанка, 24-годишната Бриџит Калестид не ни сонувала дека нејзиниот одмор на Филипините може да заврши кобно.

Бриџит со пријателите се упатила на далечниот остров и таму отседнале во некој од бројните хотели. Една вечер, при прошетката наишла на куче скитник на улица, кое го понела со себе во хотелот. Кучето таму ја гризнало, а се претпоставува и дека ја заразило со беснило.

Се разболела веднаш по враќањето во Норвешка, а во понеделникот починала во болницата во која била вработена.

Тоа е прва смрт во Норвешка поврзана со беснило за дури 200 години.

Нашата драга Бриџит многу ги сакаше животните. Стравуваме дека ова може да се повтори и кај другите кои имаат големо срце како неа, соопштило нејзиното семејство.

Беснилото е излечливо, но ако не се лекува, кај луѓето може да предизвика инфекција на мозокот и нервниот систем опасни по животот.

Таа болест носи илјадници животи секоја година, главно во Азија и Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.