Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, ги отфрли обвинувањата дека Вашингтон не ги штити своите функционери поради повисоки државни цели.

Од 2017 година, десетици дипломатски претставници во Куба пријавија симптоми кои вклучуваат губење на слухот, ѕвонење во ушите, вртоглавица, главоболки и замор.

Сите овие симптоми се типични за умерена трауматска повреда на мозокот и се опишани како вид на „звучен“ напад.

Ројтерс известува дека повеќе од 40 службеници на американската администрација пријавиле такви нарушувања, кои подоцна биле наречени „синдром на Хавана“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.