Најмалку едно лице загина, а 99 се водат како исчезнати по уривањето на станбена зграда во американската држава Флорида.

Властите соопштија дека не знаеле колку луѓе има во 12-катната зграда во Сурфајд во близина на Мајами, кога дел од неа се сруши во средата вечерта.

Спасувачките екипи извадија десетици луѓе од урнатините и продолжуваат со потрагата по други.

Се стравува дека бројот на жртвите може нагло да се зголеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.