Најмалку две лица загинаа кога утринава се урна руски хеликоптер Ми-8 со работници во областа Магадан, соопштија од итните служби.

„Хеликоптерот Ми-8 превезуваше 20 работници од еден од рудниците во регионот Магадан. Се урна. Две лица загинаа, а судбината на другите не е позната“, соопшти службата за итни случаи.

Главните причини за несреќата се технички дефект и грешка на пилотот при тешки временски услови.

Според прелиминарните податоци, при изнесувањето на работниците во областа на несреќата имало тешки временски услови, па опремата не издржала, а се размислува и за човечкиот фактор, прецизираат од Итната помош.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.